15 October 2021
Europe/Belgrade timezone

Ова е втор национален тренинг во рамките на проектот NI4OS-Europe чија што цел е зајакнување на националните капацитети во областа на отворената наука со посебен акцент на темите поврзани со Европскиот облак за отворена наука - EOSC и FAIR принципите за пронаоѓање, пристап, интероперабилност и повторна употреба на податоците во облакот. 

Тренингот треба да им помогне на истражувачите, административниот кадар во библиотеките, давателите на услуги во облакот и менаџерите кои ги дефинираат правилата за користење:

  • да се запознаат со најновите случувања поврзани со EOSC и планираниот иден развој
  • да научат како да ги направат истражувачките податочни множества според FAIR принципите
  • да разберат како се користат системите за складирање на податочни множества
  • да се запознаат со можностите за користење на услуги во EOSC кои се достапни преку NI4OS каталогот на услуги

Настанот е организиран во соработка со проектот EOSC Future.

Ги молиме сите заинтересирани за настанот да се регистрираат со користење на копчето за регистација подолу.

Тренингот ќе се одвива во форма на вебинар на платформата за тренирање развиена во рамките на NI4OS проектот. Пристапот до сите материјали од тренингот е комплетно отворен за сите, додека пристапот до снимката од тренингот ќе биде дозволен само за регистрираните учесници на настанот. 

За повеќе информации ве молиме да не контактирате преку адресите за електронска пошта дадени подолу.

Starts
Ends
Europe/Belgrade
Materials: NI4OS training platform
https://training.ni4os.eu/course/view.php?id=66
Go to map

please contact me in case you have any questions or need support