Вториот настан за дисеминација во рамките на проектот NI4OS-Europe има за цел поблиску да ве запознае со активностите на проектот во изминатата година и да ви ги приближи плановите за идниот развој и користење на Европскиот Облак за Отворена Наука (EOSC).
Во рамките на настанот ќе се презентираат достигнувањата на проектот, но и нивното значење во поглед на активностите поврзани со отворената наука во земјата и во регионот. Се надеваме дека избраните теми за презентација ќе поттикнат активна дискусија околу тековните случувања и идните цели и дејствија кои би се случувале во нашата земја се со цел да постават темелите на отворената наука и да им се овозможи на истражувачите полесен пристап до услуги, алатки и информации.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк: https://ni4os.eu.
Ги молиме сите заинтересирани да се регистрираат за учество на настанот.