National End-Users NI4OS Training - North Macedonia

Europe/Belgrade
https://training.ni4os.eu/course/view.php?id=53 (NI4OS training platfrom)

https://training.ni4os.eu/course/view.php?id=53

NI4OS training platfrom

webinar room: https://training.ni4os.eu/mod/bigbluebuttonbn/view.php?id=457
Anastas Mishev (UKIM) , Sonja Filiposka (Ss. Cyril and Methodius University Faculty of computer science and engineering)
Description

Првиот тренинг за крајни корисници во рамките на NI4OS-Europe проектот се однесува на користењето на сервиси за зачувување на истражувачки податоци, работа со виртуелни машини во облак, користење на тематски сервиси од областа на пресметковната хемија и запознавање со тековните карактеристики на EOSC (европскиот облак за отворена наука) порталот.

Во рамките на овој тренинг ќе биде дискутирано и како истражувачките податоци да се направат FAIR, односно пронајдливи, достапни, интероперабилни и повторливи.

Тренинзите за репозиториуми ќе им помогнат на учесниците да се здобијат со знаење за тоа како можат да ги постават своите истражувачки трудови, публикации и научни податочни множества на локации кои потоа се достапни за пребарување и користење од страна на други заинтересирани страни. 

Тренингот за користење на виртуелни машини е пример на генерички, општ сервис, кој е достапен во EOSC, додека пак тренингот за сервиси поврзани со пресметковната хемија е пример на користење на тематски сервиси достапни во EOSC.

Дополнително преку тренингот за EOSC portal, учесниците ќе се запознаат и со тоа како може да пребаруваат и да користат и други веќе поставени сервиси во EOSC како и како да се здобијат со повеќе информации за напредокот и развојот на EOSC.

Тренингот ќе заврши со една практична вежба за пребарување и користење на репозиториуми со достапни податочни множества за различни видови на истражувања.